Узбекистанските служби веднаш по приемот на соодветното барање ја испратике до Москва информацијата што ја имале за државјанин приведен во Русија, осомничен за убиство на шефот на трупите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на Вооружените сили на Руската Федерација, генерал-полковникот Игор Кирилов, објави во средата каналот Узбекистан-24 повикувајќи се на свои извори.
„Податоците за овој граѓанин веднаш беа испратени во Москва“, се цитираат зборовите на неименуван бебзедносен функционер на каналот Telegram.
Според узбекистанската телевизија, оваа личност не одржувала врски со терористичките организации во Узбекистан и претходно не била предмет на интерес на безбедносните служби, ниту била во судир со законот.
Претходно извор од Министерството за внатрешни работи на Узбекистан извести дека сФСБ)екторот активно работи поради фактот што осомничениот за терористичкиот напад е државјанин на земјата.
Осомничениот за убиството на генералот Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов, според руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) бил регрутиран од украинските специјални служби, и во средата ден по атентатот е приведен во Московската област.
”
„Државјанин на Република Узбекистан, роден во 1995 година, е приведен поради активирање на импровизирана експлозивна направа“, се вели во соопштението.
Според ФСБ, за надзор на движењето на генералот Кирилов, атентаторот изнајмил автомобил и во него поставил Wi-Fi камера, снимката од која била емитувана на организаторите на терористичкиот напад во украинскиот град Дњипро (Дњепропетровск, на руски), откако офицерите го напуштиле влезот од зградата, приведениот далечински ја активирал експлозивната направа подметната во електричен тротинет оставен на влезот од објектот. За извршување на убиството му биле ветени 100.000 долари и префрлување во една од земјите на ЕУ.
”
„Вработените во украинските специјални служби вклучени во организирањето на терористичкиот напад ќе бидат пронајдени и ќе добијат заслужена казна“, нагласуваат од ФСБ.
Како што појасни портпаролката на руското Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк, осомничениот бил приведен во селото Черноје, област Балашиха во поширокиот Московски регион.
Уапсениот се претпоставува дека е извесен Ахмад Курбанов, дознава агенцијата РИАврз основа на анализа на социјалните мрежи. Сликата на осомничениот во видеото што го дистрибуираше ФСБ се совпаѓа со фотографијата на профилот на Курбанов, особено по карактеристични белези на лицето и на двете фотографии.
Како што изјавил самиот осомничен, подготовките за терористичкиот напад траеле неколку месеци. Според неговите зборови, тој дошол во Москва по инструкции на украинските специјални служби и купил скутер. Потоа пристигнале компонентите за изработка на бомбата. Ги примил, а потоа „сè беше подготвено и ставено во близина на куќата“.
Шефот на трупите на РКхБЗ, генерал-полковник Кирилов и неговиот помошник мајор Илја Поликарпов загинаа во експлозија во дворот на станбена зграда на авенијата Рјазански во Москва. Инцидентот се случи во вторник, на 17 декември, околу 6 часот утрото. Според прелиминарните податоци, бомба поставена во скутер што стоел на влезот експлодирала кога офицерите излегле на улицата.