Чопор диви свињи предизвика ставична несреќа во Грција во која беа вклучени три возила, при што загинаа две лица, а повредени се четири лица, меѓу кои и македонска државјанка.
Полициското возило удрило во дивите свињи и излетало од патот, по што следел автомобилот со македонски регистерски таблички, кој се превртел, а на крајот третото возило удрило во полицијата.
По несреќата се појави и првото видео на кое може да се забележат ужасни сцени.