(ВИДЕО) Вајлдер со еден удар ја одбрани светската титула против Ортиз

Дионтеј Вајлдер утринава во Лас Вегас уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите и најбруталните боксери на денешницата, откако го совлада Луис Ортиз со нокаут во седмата рунда, со што ја задржа светската титула во ВБЦ.

Американецот не направи многу во почетните шест рунди, кога со еден силен удар со десната рака го реши мечот со нокаут на крајот на седмата рунда. Вајлдер останува непоразен во кариерата и тоа за него беше 42 победа од кои дури 41 со нокаут и има само едно реми, она од минатата година со Тајсон Фјури.

За популарниот „Бронзен бомбардер“ ова беше вкупно десетта успешна одбрана на ВБЦ титулата, која за прв пат ја освои во 2015 година. Следниот меч на Вајлдер ќе биде реванш со Тајсон Фјури на 22 февруари идната година.