Она што се ќе се случи зад параванот, останува зад параекранот“. Во последниот спринт на кампањата за претседател на САД, овој краток клип прикажува жена која гласа за Камала Харис, криејќи го овој факт од нејзиниот сопруг.
Во краткото видео од 30 секунди, последното од овој серијал, во кој гласот го позајмува актерката Џулија Робертс, двојката пристигнува на избирачко место. Нивните капи со патриотски симболи сугерираат дека се двајца поддржувачи на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.
Но, има пресврт – сопругата ја заокружува Камала Харис, откако разменила заговорнички поглед со жената спроти неа, зад друг параван.
„Никој ништо нема да знае“, вели гласот, а потоа сопругот прашува: „Дали добро избра?“. Жената одговара: „Да, драги“.
Изминатите денови беа емитувани подолги верзии на истата водео-порака, во кои немаше симболи кои алудираа на партиска припадност но со ист финиш, а во една со иста алузија а наменето за мажите гласот го позајмува Џорџ Клуни.
Доналд Трамп го критикуваше видеото како глупаво и запраша: „Можете ли да замислите жена да не му каже на својот сопруг за кого гласала?“.
In the voting booth, women still have the right to choose. New and important ad from @VoteCommon featuring Julia Roberts reminds women that no one will know who they voted for. Pass it on. pic.twitter.com/XALnryVPNm
— Shannon Watts (@shannonrwatts) October 28, 2024