ВИДЕО| „Важно е да се интегрираат лицата со попреченост во носење на политики, да нема корупција во здравството, граѓаните да имаат еднаков пристап до здравствените услуги – а тебе што ти е важно?“

Сѐ поголем број на граѓани се приклучуваат во кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ и објавуваат кратки пораки на социјалната мрежа фејбук што за нив е важно во секоја сфера од животот. Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, објави порака во која вели дека за неа важно е да се вклучат лицата со попреченост во носење на политиките.

-Важно е да се интегрираат лицата со попреченост во донесување на политиките, рече Димитриеска Кочоска.

За пратеникот Љупчо Димовски важно е земјоделското земјиште да се распредели на винските земјоделци.

-Важно е чесна распределба на земјоделското земјиште, истакна Димовски.

Претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Христовски смета дека важно е да изградат нови спортски терени, сали и стадиони за спортистите.

-Важно е да се изградат нови спортски терени, сали и стадиони за спортистите, посочи Христовски.

Портпаролот Наум Стоилковски испрати порака дека за него важно е да има повеќе пари за шоферите и да има кој да ги вози автобусите во ЈСП.

-Важно е да има пари за шоферите, да има кој да ги вози автобусите на ЈСП, изјави Стоилковски.

Доктор Петар Марков вели дека за него важно е да нема корупција во здравството, докторите да имаа пристојни услови за работат, а пациентите еднаков пристап до здравствените услуги.

-Важно е да нема корупција во здравството, докторите да имаат пристојни услови за работа, а пациентите еднаков пристап до здравствените услуги, кажа доктор Марков.

За Бојан Никовски важно е во Македонија да има квалитетно образование кое ќе биде признаено во светот.

-Важно е да имам квалитетно образование, признаено во светот, а тебе што ти е важно, праша Бојан Никовски.

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, „Важно е! Од тебе зависат промените“ има за цел да се слушне гласот на граѓаните и да се обединиме сите против лошото владеење.

-Ги повикуваме граѓаните да се приклучат и да го кренат гласот за промените!

Секој од вас е подеднакво важен бидејќи од вас зависат промените.