(ВИДЕО) Веќе 83 жртви во земјотресот во Измир, две деца спасени по три дена

Тригодишно женско бебе и четиринесетгодишно девојче се спасени во понеделникот итрото од под урнатините на зграда во западниот турски град Измир, речиси три дена по силниот земјотрес во областа на Егејското Море кој досега однесе 83 жртва, соопштија властите.

Спасувачките напори продолжуваат на урнатините на осум згради во Измир и спасувачите се тркаат со времето во потрагата по преживеани. Досега, според турската Агенција за управување со вонредни систојби и природни катастрофи (AFAD), од под уранитните се спасени 106 лица, додека продолжуваат интензвините активности за пребарување и спасување.

Телевизиските снимки покажуваат како спасувачите ги извлекуваат од под остатоците тригодишната Елиф Перинчек и четиринаесетгодишната Адил Ширин 65 часа по земјотресот, кои по укажаната прва помош се пренесени во локалната болница.

Две сестри и брат на девојчецнето Елиф биле спасени во саботта заедно со нивната мајка, но едно од децата подоцна починало во болницата.

„Илјада пати фали ти тебе Боже мој. Ја излвековме нашата мала Елиф од стамбениот блок“, твитуваше Мехмет Гуљоглу, шеф на AFAD.

Бројот на жртвите во земјотресот од петокот во Измир, во пинеделникот во Измир се искачи на 83, додека на грчкиот остров Самос нема нови промени во бројките на настрадани а таму во петокот загинаа 17-годишно момче и девојче.

Повеќе од 740 повредени се веќе отпуштени од болнците, по земјотресот во кој вкупно од петокот беа повредени 962 лица, а од хоспитализираните десетина се во критична состојба. Според процените на локалните власти, под урнатините сѐ уште се наоѓаат околу стотина луѓе,

Ова е најсмртоносниот потрес во Турција по оној од 2011 години кој го погоди источниот град Ван во кој животите ги загубија над 500 лица. Земјотресот од јануари годинава усмрти 41 лице во источната провинција Елазиг.

Турција се сместена на неколку големи раседи, па земјотресите не се реткост. Во август 1999 година во земјотресот кој го погоди истокот на земјата со магнитуда од 7,6 степени во областа на градот Измит, југоисточно од Истанбул, загинаа повеќе од 17.0000 луѓе. Во овој век, најмногу жртви, над 500 загинати, имаше во земјотресот кој во 2011 година го погоди источниот град Ван.

Земјотресот, кој турските власти го проценијасо магнитуда од 6,7 по Рихтер, грчките сеизмолози на 6,9, а американскиот Геофизички институт USGS на 7 Рихтерови степени, во петокот рано попладнето ја погоди областа во Егејското Море дваесетина километри од Измир, третиот по големина град во Турција, како и и блискиот грчки остров Самос.