![zajce-veligden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/zajce-veligden.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Ова е мошне интересна декорација за Велигден што можете да ја направите сами, а се што ви е потребно се некои работи што веќе со сигурност ги имате дома.
За оваа декорација ќе ви биде потребно: 1 чорапа, ориз, ножици, селотејп (опционално), волна, лента и маркер.
Прво почнувате да ја полните чорапата со ориз, 2/3 до врвот.
Одделете го од чорапата местото каде што ќе биде главата. Делот без ориз ќе бидат ушите на зајакот, така што и тоа треба да го имате во предвид додека ја оформувате главата. Парчето волна, односно конец би требало да биде околу вратот, како и на основата, т.е. на почетокот на ушите.
Земете ножици и исечете ги ушите на два дела… Околу вратот ставете украсна лента и на крај на вашиот зајак нацртајте му лице со маркер.
Деталното упатство погледнете го во видеото!