Кога Роџер Фриш во 2009 – та година забележал дека му треперат рацете, навистина се загрижил, бидејќи како човек со четириесетгодишно искуство не можел мирно да го повлече гудалото преку жиците.
Лекарите му дијагностицирале есенцијален тремор, а единственото решение била длабоката симулација на мозокот. Процедурата подразбира вградување на мозочен пејсмејкер, кој испраќа електрични импулси до одредени делови на мозокот. Се користи во лекувањето на Паркинсоновата болест, клиничка депресија, Туретов синдром, тремор и хронична болка.
Иако треморот во неговиот случај не бил многу изразен, сепак тоа би значело крај на неговата кариера како концертен виолинист. Поради тоа тој решил да се подложи на овој зафат.
За да ја пронајдат мозочната регија која го предизвикува треперењето , хирурзите морале со електроди да стимулираат различни точки во неговиот мозок. Бидејќи треморот бил навистина слаб, хирурзите не би можеле да бидат сигурни дека го погодиле вистинското место, па поради тоа тој морало да биде буден.
И тоа не само што бил буден за време на операцијата, туку и свирел на виолина. Благодарејќи на уредот за мерење на движењата на телото монтиран на гудалото, тимот хирурзи можел да ги следи движењата на Фриш во реално време. Кога му ги вовеле елктродите во мозокот, можеле да оценат дали симулацијата влијае на треморот.
Операцијата била успешно извршена – само три недели подоцна, Фриш настапувал заедно со Окрестарот на Минесота. Пејсмејкерот, кој се вклучува со помош на далечински управувач, му овозможува да свири беспрекорно како и порано.