
Висок аргентински функционер е убиен со пет истрели во четвртокот во близина на парламентот во Буеност Аирес, а пратеник кој бил со него е тешко ранет и веројатно е случајна жртва на злосторството.
Хектор Оливарес, пратеник на Радикалната граѓанска уније (UCR), која има претседателско мнозинство, тешко е ранет и примен во болница во Буенос Аирес, каде лекарите се борат за неговиот живот. Бил во вообичаена утринска проштека со пријателот Мугуел Марсел Јандом кого го убиле двајца напаѓачи кои го чекале во паркиран автомобил.
Напаѓачите истрелале десетина куршуми. Пратеникот бил погоден со три. Неколку часа по нападот е уапсен роднина на сопственик на автомобилот, се дознава од полициски извори.
„Ова несомнено е мафијашка пресметка“, рече Густаво Галван, претеник на UCR во покраината Риоха. Педесет и осумгодишниот Мугуел Јадон и 61-годишниот Хектор Оливарес доаѓаат од Риоха, на северозападот на Аргентина и се состанари во станот во квартот каде што се наоѓа аргентинскиот Конгрес додека поради работа престојуваат во престолнината.
Нападот се случил во 7 часот по локално време, 12 часот по средноевропско време, кога од автомобил биле истралани куршуми во двајцата кои оделе пешки по плоштадот во близина на Конгресот.
Министерот за јавна безбедност Патрисиа Булрих рече дека цел на нападот не бил пратеникот, туку неговиот пријател и соработник. „Главна цел бил Јадон“, рече на прес-конференција. Булрих ја исклучи можноста за политички мотиви за убиството кое се случи шест месеци пред претседателските избори на 27-ми октомври. „Не сакаме ова да го поврзуваме со политиката“, истакна министерката.
Ова е прво вакво злосторство во Аргентина кое се случува на почетокот од кампањата за претседателските избори. Ранетиот пратеник работел на закон за сузбивање на хулигантството на фудбалските страдиони кое во Аргентина има драматични размери, а Јадон, пак, од 2017 година е координатор на фондот за електрична инфраструктура во Риоха, изборна база на поранешниот претседателот Карлос Менем. Извор близок на партија UCR изјавил AFP дека управувањето со фондот би можело да биде причина за убиството на Мигуел Јадон.