(ВИДЕО) Владата на Црно Гора се распадна, стотици луѓе протестираат против рушењето на кабинетот на Кривокапиќ

Неколку стотици граѓани се собраа пред Владата на Црна Гора и го изразија своето незадоволство од иницијативата на коалицијата „Црно-бело“ да и се изгласа недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ и да се формира малцинска влада.

-Митингот е мирен, а насобраните извикуваат пароли на сметка на вицепремиерот Дритан Абазовиќ и претседателот на СНП Владимир Јоковиќ.

Не се знае кој е организатор на протестот, а се шпекулира дека зад се стојат поддржувачи на премиерот Здравко Кривокапиќ.

Граѓаните го блокираа сообраќајот, а се уште немаме информации кој е организатор на овој протест. Присутните тврдат дека собирот го виделе на интернет и се приклучиле на протестот.

– Тука сме да ја одбраниме победата остварена на 30 август, а со нашиот народ ќе бидеме на улица кога и да треба, еден од пратениците кои се приклучија на протестие.

Насобраните граѓани ги скандираа зборовите „предавство“, но и на Дритан Абазовиќ му порачаа дека бараат негова смена.