ВИДЕО| Власта итно треба да го смени законот за патни исправи

Професор Денис Прешова од правниот факултет „Јустинијан Први“ смета дека власта во Македонија треба да го смени законот за патни исправи, како што го смени законот за безбедност во сообраќајот, за да се стави крај на агонијата на граѓаните со вадење на нови документи на кои ќе го има новото име на државата.

Тој ова го изјави во своето гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

ВМРО ДПМНЕ веќе има поднесено таков закон, но власта не го става на дневен ред на Собранието.

Имам чувство дека властите наши недоволно се плашат од граѓаните. Повеќе се плашат од странците отколку од граѓаните. И во оваа ситуација одбрале повеќе да ги заштитат тие интереси, во однос ете на меѓународните обврски, отколку правата на граѓаните. Ако утре се распишат избори од кого ќе ги бараат гласовите? Од граѓаните или од странците? Ние исто така како граѓани треба да размислуваме и во таа насока и не треба да бидеме дури волку толерантни, колку што сме, вели професорот Прешова.