![ѓорчев](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/gorcev.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Пратеникот од ВМРО-ДПМНе, Владимир Ѓорчев на социјалните мрежи го сподели видеото со министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска во врска со новите странски инвестиции во земјата.
-Госпоѓава е министерка на Заев за инвестиции. Наша Македонијо, гледај што ти се случува. Жално и тажно. Оставка. Споделете, напиша Ѓорчев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Оризари, Кочанско, каде што разговарал со земјоделци.
-Јас би заклучил на крај од оваа средба, дека ВМРО-ДПМНЕ е заедно со земјоделците и нивни маки и ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ја поддржува земјоделската политика, како што тоа беше во минатото, така ќе биде и во иднината, истакна Мицкоски.
Она што сакам да го кажам е дека треба да се провериме дали блескаме, дали навистина блеска Зоран Заев, или пак блеска само маката на земјоделците и граѓаните на Република Македонија, наспроти целокупниот јад и чемер кој што владее во нашата држава, рече Мицкоски.
-Единствен начин да провериме дали блеска Зоран Заев и неговите политики или ова што ние денес го говориме е веднаш да се охрабрат Зоран Заев и групата околу него, да организираат предвремени парламентарни избори па да го слушнеме одговорот на народот, потенцираше Мицкоски.