ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ му остави цело кило брашно пред Собранието на Павле Богоевски за да го потсети за оставката

Помина цела една недела, а Павле Богоевски не си дава оставка, ова денеска од пеед Собранието го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

Се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат „убаво”. Лажат бе Павле што зборат по градов дека тоа „пола” била бела прашкаста материја што остава траги на носот. Да шмркал Павле кокаин немаше да прифати да биде наркотестиран. Затоа УМС во обидот да помогне на државата да не троши ресурси за да го гони таксистот за да утврди што нарачувал Павле нуди уште една информација од свиркач. Павле подолг период е навлечен на „бело” и тоа тип 500, потенцира Попов.

Тој додава дека затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам.

Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија. Ако си по друг бел прашак, следниот пат ќе ти оставиме и за перење. Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”. Не вака, штом ќе кренеш рака и прозбориш во Собранието да мислиме дека ти фали „пола” и тоа те вознемирува, вели Попов.