(ВИДЕО) Во Балтимор ураната и фрлена во океанот сатуата на Колумбо

Демонстрантите во Балтимор во текот на ноќта ја собориле статуата на Кристофер Колумбо и ја фрлиле во Атлантскиот океан.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека демонстрантите користеле јажиња за да ја турнат статуата во близина на квартот Мала Италија, а потоа делови од неа фрлиле во вода.

Американските медиуми наведуваат дека статуата била поставена во 1984 година и е во сопственост на градот.

За време на протестите заради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на полициско приведување, цел на напади беа статуите на Колумбо и други личности од времето на колонијализмот.

Тие наведуваат дека славниот истражувач е одговорен за геноцидот и експлоатацијата на домородците во Северна и Јужна Америка. Статуите на Колумбо досега се урнати или вандализирани во неколку американски градови, вклучувајќи ги Мајами, Бостон, Ричмонд и Сент Пол.

https://twitter.com/ABC7News/status/1279611221415731201?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1279611221415731201%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fmakpress.mk%2FHome%2FPostDetails%3FPostId%3D356976