Браќата Љубан и Миљан Хофман Видовиќ се уапсени во луксузен белградски ресторан во трговски центар, известија во саботата спрските медиуми.
Се појави и видео на кое се гледаат маскирани и вооружени припадници на Управата за криминална полиција (УКП) како упаднале во ресторанот и ги опкружуваат браќата и мажите кои биле со нив. Потоа сите биле однесени, а гостите на локалот со неверување ги гледале овие драматични сцени.
Покрај двајцата браќа, по наредба на Вишото јавно обвинителство уапсени се уште три лица.
Љубан и Миљан Хофман Видовиќ, кик-боксери, последните денови се во центарот на вниманието во БиХ и Србија по објавувањето на видеото во кое им се закануваат на сопствениците на ресторани и келнерите.
Snimak iz restorana tokom hapšenja braće Hofmana. pic.twitter.com/csaWXxjTX9
— Dragan Vidaković Mrki P.S.Gerila (@protivdictature) November 10, 2023
UKP sa nekoliko kamera snimio hapšenje. pic.twitter.com/IExbtgSrni
— Dragan Vidaković Mrki P.S.Gerila (@protivdictature) November 11, 2023