(ВИДЕО) Во Црното Море најдена „изгубената флота на Хитлер“

Турскиот поморски инженер и нуркач Селчук Колаи открил на дното од Црното Море три германски подморници од времето на Втората светска војна, објави телевизијата л TRT Haber која снимила документарен филм за потрагата по подморниците.

Подморниците U-23, U-19 и U-20 на германските поморски сили биле потопени во 1944 година во близината на бреговите на Турција. Долго време беше непозната локацијата на нивното потопување, поради што подморниците беа наречени „изгубената флота на Хитлер“.

Пред повеќе од десет години, Селчук пронашол пама на којашто командантот на U-23 го означил местото на излегувањето на неговиот екипаж на брегот. Потоа започна потрага на оваа и на другите подморници. Подоцна турската морнарица се приклучила на неговата потрага, а заедничкото пребарување на морското дно траеле реиси четири години.

Како што се покажало, U-23 лежела недалеку од градот Агва, додека U-19 и U-20 лежеле на длабочија од 25 до 300 метри во близина на брегот на Истанбул.

Според Хакан Аслан, водител на програмата „Blue passion“, кој бил вклучен во снимањето на документарниот филм, екипата е горд на завршената работа, која помогнала да се дозна повеќе за тоа што се случувало во годините на Втората светска војна.