Две жени се полесно повредени во турскиот град Дијарбакир откако буквално „пропаднаа“ во земја. Несреќата се случила на улица додека чекореле и зборувале.
Едната жена е докторка, а другата специјалистка. После пропаѓањето, веднаш неколку лица од околните продавници трчаа да им помогнат на жените. Чудо е тоа што двете жени минале само со полесни повреди.