ВИДЕО| Во експлозија во рудник за јаглен на северот на Турција заробени 49 рудари

Во експлозијата во рудник за јаглен во северната турска покраина Бартин, заробени се 49 рудари а 19 се хоспитализирани, изјави гувернерот на покраината Нуртач Арслан.

Телевизијата TRT Haber, повикувајќи се на локалните власти, извести дека на местото на експлозијата на 300 метри под земјата се наоѓале 115 рудари, некои од нив биле евакуирани, а 49 останале под земјата“.

„Сега се наоѓаат 44 лица на 300 метри под влезот во рудникот и пет лица на 350 метра долу“, изјави Арслан и додаде дека осум рудари успеале самостојно да излезат од рудникот.

Експлозијата ја предизвикал трансформатор во рудникот за јаглен кој е во сопственост на државниот турски холдинг „Hard Coal Enterprises“, соопшти турската Управа за катастрофи (AFAD).

Експлозијата се случила на 300 метри длабочина под влезот во рудникот, околу 17,15 часот по средноевропско време, соопшти кабинетот на гувернерот на покраината Бартине.

Според кадрите на турските телевизии, бројни тимови медицински персонал им помага на настраданите, а пред рудникот се собрани семејствата и пријателите на рударите.

Министерот за енергетика Фатих Донмез и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу по налог на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се упатиле на местото на настанот, пренесувва агенција Anadolu.