ВИДЕО| Во јеменскиот „Адски бунар“ сепак нема демони

Група омански спелеолози првпат се спушти на самото дно од славната вртача Бархут во Јемен, чудото на природата коешто локалното население го одбегнува бидејќи веруваат дека таму е затворот за злодусите, а и туристите го заобиколуваат поради приказните за тоа дека „ги вшмукува и луѓето и животните кои премногу се приближиле“.

Во областа со векови се шират приказни дека во јамата престојуваат злодуси, а прозноверното локално население смета дека е вратата на пеколот. За неа дури и избегнуваат воопшто да ја споменат, бидејќи и тоа носи несреќа.

Самото име Бархут произлегува од исламската есхатологија, и означува бунар поврзан со подземјето (пеколот или џаханам) и населен со душите на неверниците. Во моментов, Бархут обично се идентификува со големата варовничка пештера лоцирана во Хадрамаут, во близина на место почитувано како гробница на исламскиот пророк Хад.

Забранетиот „Адски бунар“, црна јама со овален влез со размер 30 метри и длабока најмалку 112 метри се наоѓа во пустината на истокот на Јемен. Оманските спелеолози на дното нашле змии, лешеви на животни и ткн пештерски бисери односно топчести калцификати, но тврдат дека таму нема ништо натприродно.

„Има змии, но нема да ве чепкаат ако вие не ги чепкате нив. Земавме примероци од водата, карпите, почвата и останките од мртвите животни кои сега треба да ги анализираме“, изјави претходно седмицава Мухамед ал-Кинди, професор по геологија на Технолошкиот универзитет во Оман, еден од осумтемина искусни спелеолози кои минатата седмица се спуштиле на дното на јамата.

Јеменските власти во јуни годинава во една пригода признаа дека никогаш не било познато што има на дното на јамата, за која тврдат дека е стара „милиони години“, бидејќи до самото дно досега никој никогаш не дошол.

Најдлабоко јеменските спелеолози дошле до половината до дното, односно се спуштиле на длабочина до 50/60 метри, бидејќи во вртачата има малку кислород и нема вентилација, но потоа се повлекле на површината „поради неоничната реа“. Но се чини дека оманските научнции немале проблем со смрадот.

„Долу се остатоци од животни кои таму паднале и, секако дека не мириса убаво, но не е така страшно“, вели ал-Кинди.