Меѓу 150 и 200 скијачи во неделата поради застој на жичарница останале да висат стотици метри над земјата во француските Алпи кај туристичкиот центар Гренобл.
На припадниците на службата за спасување им бидел потребни околу два и пол часа сите скијачи да ги спуштат на земјата, соопштила службеничката на локалната власти Дилен Демаре за агенцијата DPA.
Во инцидентот на ски-патеката Шамрус на југоистокот од Франција, никој не е повреден. „Небото беше сино а временските услови беа совршени“, рекла Демаре. Додала дека во операцијата за спасување учествувале два хеликоптера.
Сѐ уште не е познато што го предизвикало застојот на жичарницата. Локалните медиуми известуваат дека кабините од жичарниците минуваат околу 600 метри над земјата и доаѓаат на надморска височина од 2.200 метри.
Овој скијачки центар во моментов е преполн со туристи, поради Божикните празници и идеалните временски услови за зимските спортови.