(ВИДЕО) Во Мадрид полугол маж вооружен со два меча нападнал полицајци

Маж вооружен со два меча бил приведен од шпанската Национална полиција во Мадрид, соопшти министерството за внатрешни работи на Шпанија.

Мажот, разголен до појасот, одел по улица во мадридската наслеба Мораталаз во петокот рано попладнето по локално време, размавтувајќи со мечовите, по што вознемирените соседи повикале полиција.

Меѓутоа, мажот не запрел на повиците на полицските службеници и почнал да им се заканува со оружјето и извикувајќи „Јас сум Господ“ и „Ќе ве убијам“ се обидел да поврди два агента, а ги скршил прозорците на полициските автомобили. Полицијата на тоа одговорила со предупредувачки истрели во воздух.

Видеото од акцијата за негово апсење го објави на социјалните мрежи шпанското министерство за внатрешни работи. Во објавата се додава дека се смета дека човекот имал ментално нарушување.

Како што пренесува новинската агенција Europa Press, повикувајќи се на полициски извори, мажот тврдел дека е инфицирна со коронавирусот.