Портрет на рускиот претседател Владимир Путин е запален за време на протест против припојувањето на Крим кон Руската Федерација што се одржа во главниот град на Молдавија, Кишинев.
Протестот бил организиран од здружението „Младина на Молдавија“.
„Ние протестираме не само против руската агресија на Крим и анексирањето на суверени украински територии, но и против агресивната политика што Кремљ ја спроведува кон Молдавија“, вели лидерот на организацијата, Анатол Урсу.