Репортер на „Фокс Њуз“, Питер Доси постави интересно прашање до администрацијата на претседателот Џо Бајден.
„Како може во САД да влезат невакцинирани мигранти, но на тенисер од светска класа не му се дозволува такво нешто?“, праша репортерот.
Портпаролот на Белата куќа, Карина Жан Пјер се обиде да се направи наивна и праша кој е тој тенисер, по што доби одговор дека станува збор за Ѓоковиќ.
„Американската Влада не може да одговори за деталите за индивидуални случаи. Поради приватноста на нашата Влада нема намера да ги коментира медицинските информации за тој тенисер“, кажа таа.
Одговорот не му се допадна на новинарот, кој уште еднаш посочи дека му се нанесува голема неправда на Србинот.
„Некој невакциниран не може да влезе во авион, но затоа илјадници такви доаѓаат во Аризона и Тексас и им е дозволено да останат“, вели новинарот.
Doocy: "How come migrants are allow to come in to this country unvaccinated but world class tennis players are not?"
Jean-Pierre: "Which world class tennis player?"
Doocy: "Novak Djokovic."
Jean-Pierre: "I defer you to CDC." pic.twitter.com/m6SpvAUSTt
— Washington Free Beacon (@FreeBeacon) August 29, 2022