Вкупно 11 лица го загубија животот од кои 10 деца, откако нивниот чамец бил зафатен од невреме во езерото Сјамозеро во Карелија, северозападна Русија.
Според првични информации, во несреќата на езерото загинале 11 лица од кои десет се деца, спасени се вкупни 36 лица додека се трага по уште четворица туристи, соопшти полицијата, пренесува „Раша Тудеј“.
Вкупно 47 деца и 4 возрасни лица кои се превезувале во три чамци на езерото биле зафатени од невреме во езерото. Децата биле на возраст меѓу 12 и 15 години. Според информациите сите деца се од Москва.
Според омбусманот за детски права Павел Астаков најверојатно настрадале само оние деца што не носеле спасувачки елеци, а тие што носеле преживеале.