Најмалку седумнаесет пациенти во болницата во централната мексиканска сојузна држава Идалго ги загубија животите во поплавите по обилните дождови, преенсува во обновената информација од вторникот проталот Mexico News Daily.
„По вчерашните врнежи во Идалго се излеа реката Тула и ја поплави главната болница каде што 16 пациенти ги загубија животите“, објави претходно мексиканската влада на Twitter.
Голем дел од Мексико е зафатен од силни врнежи, кои биле обилни особено во понеделникот, поради што се излеани многу реки.
Во пораката со видео снимка од Зоае Роблед, директорка на Мексиканскиот завод за здравствено осигурување (IMSS) кој управува со настраданата болница во поплавата, се наведува дека во установата имало 56 пациенти и дека надојдената вода за само неколку минути ја преплавила, загрозувајќи го нејзиното функционирање.
„Кога снадувањето со електрична енергија беше прекинато во градот (Тула), пациентите повеќе не можеа да примаат кислород“, вели Робледо додавајќи дека 40 пациенти преживеале.
Властите соопштија дека преживеаните пациенти се пренесени во другите болници во областа.
Локалните медиуми пишуваат дека меѓу жртвите 15 се пациенти заболени од Covid-19, коишто не можеле самостојно да дишат.
На снимките објавени на локалните телевизии се гледаат поплавената болница и медицинскиот персонал кој турка болнички носилки низ водата.
Imágenes del #IMSS en #TulaHidalgo la madrugada de este Martes. personal Médico desaloja a pacientes en medio de la inundación provocada por las fuertes lluvias. pic.twitter.com/S4sFCIWP0u
— RAMIRO ESCOTO (@Ramiro_Escoto) September 7, 2021