(ВИДЕО) Во пожар во склад уништени 45.000 бочви првокласен бурбон

Американскиот бренд алкохолни пијалаци „Jim Beam“ загубил во средата 45.000 бочви првокласен бурбон во пожар кој го зафатил склад во сојузната држава Кентаки, потврди портпаролот на компанијата.

Портпаролот на компанијата „ Beam Suntory“ изјавил дека првичните процени укажуваат дека пожарот бил последица од удар на гром, при што се унишетни „илјадници бочви релативно нов виски“.

„Имајќи го предвид годиштетот на производството на вискито, овој пожар нема да влијае на достапноста на вискито Jim Beam за потрошувачите“, рекол портпаролот Коен.

Огнот горел вече втор дена на југоистокот од Кентаки, но сега е ставен под контрола, додал.

Портпаролот на канцларијаа за енергија и екологија на Кентаки, Џон Мора, кого го цитира весникот Louisville Courier, ркол дека противпожарните единици користеле вреќи со песок за упивање на вискито, а со вода ги прскале само соседните згради, но не и самиот склад кој горел. Новинарот во извештајот наведува дека почувствувал остар мирис на виски во водухот на местото на инцидентот.

Складот бил долг стотина метри, со големина на фудбласко игралиште, и висок неколку ката, рекол за телевизијата CNN, Дрју Чендлер, од канцеларијата за управување со вонредни ситуации во округот Вудфорд.