ВИДЕО| Во придружба на борбени авиони, Путин долета на Блискиот исток

Рускиот претседател Владимир Путин во средата беше придружуван од четири руски борбени авиони на пат кон Блискиот лет на едно ретките патување во странство по почетокот на војната во Украина, во текот на кој ќе разговара за производството на нафта и гупата OPEC+ со престолонаследниот принц а Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Состанокот на Путин со принцот бин Салман, кој последните години од Саудиска Арабија од најголемиот блискоисточен сојузник на САД постепено политички ја скршнува кој Кина, Русија и другите земји од групата БРИКС, доаѓа откако цените на нафтата паднаа и покрај ветувањето на OPEC+, која ги обединува Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и независните големи производители предводени од Русија, за дополнително намалување на производството.

Авионот на претседателот беше придружуван од борбени авиони „Сухој-35С“, кои според снимката објавена од рускот Министерство за одбрана летаат заедно со неговиот авион „Иљушин-96“ од Русија до Обединетите Арапски Емирати.

Во Абу Даби, претседателот шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан го нарече Путин негов „драг пријател“, а авионите на Обединетите Арапски Емирати го пречекаа лидерот на Кремљ прелетуваајќи и оставајќи трага во боите на руското знаме.

„Нашите односи, главно благодарение на вашата позиција, достигнаа невидено високо ниво“, му рекол Путин на шеикот Мохамед. „ОАЕ се главниот трговски партнер на Русија во арапскиот свет“, додаде тој.

Путин рече дека Русија и ОАЕ соработуваат во рамките на OPEC+, чии членки испорачуваат на пазарите повеќе од 40 отсто од светската нафта, додавајќи дека ќе разговараат и за конфликтот меѓу Израел и палестински Хамас,како и за војната во Украина.

По ОАЕ, Путин треба да отпатува во Саудиска Арабија на неговата прва средба лице в лице со бин Салман по октомври 2019 година. Неговата последна посета на регионот беше во јули 2022 година, кога во Техеран се сретна, меѓу другото и со иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи.

Западните политички аналитичари не можат да објаснат што точно Путин, кој ретко ја напушта Русија, освен за патувања во Кина и во соседните поранешни советски републики од почетокот на војната во Украина, има намера да направи за пазарот на нафта со принцот престолонаследник на најголемиот светски извозник на сурова нафта, само неколку дена по одложувањето на клучниот состанок на OPEC+ поради несогласувања.

Кремљ соопшти дека, покрај нафтата, ќе разговараат и за војната меѓу Израел и милитантите на Хамас, ситуацијата во Сирија и Јемен и прашања како што се обезбедување стабилност во областа на Персискиот залив, а агенцијата Reuters се повикува на неименуван соработник на Путин наводно рекол и дека ќе се разговара и за Украина.