ВИДЕО| Во пристаништето во Мариупол неутрализирани над 12.000 експлозивни направи, обезбеден коридор за странските бродови

Во вторникот е целосно завршено деминирањето на пристаништето во стратешки важниот јужен украински град Мариупол кој по долги борби од пред три седмици е под целосна контрола на проруските и руските сили, соопшти руското министерство за одбрана.

Во објавата од вторникот се наведува дека биле истражени 134 објекти во пристаништето а биле пронајдени и неурализирани повеќе од 12.000 експлозивни напраи и оружа „коишто ги оставија украинските милитанти“.

Во вторникот беше објавено дека пет странски бродови кои порано беа блокирани во мариуполското пристаниште поради ризиците од гаѓања или подводните мини, веќе испловиле.

Од средата утрото, пак, направен е хуманитарен коридор во насока на Црното Море преку кој безбедно треба да испловат странските бродови од пристаништето во Мариупол. Коридорот ќе се протега 115 со широчина од 2 морски милји, според рускиот Координациски штаб за химанитарно реагирање во Украина. Притоа се наведува дека руската морнарица ги остранила минските опасности од водите во пристаништето и ја обвновува пристанишната инфраструктура.

Агенцијата РИА наведува дека во Мариупол постепено се воспоставува цивилниот живот, дека започнал да функционира јавниот сообраќај и бензинските црпки, како и дека се отворени четири од петте градски болници.

.