Руската наменска воена индустрија го создала првиот во светот далечински управуван робот-самоубиец кој може да се употреби против непријателска жива сила или за уништување противтенковски препреки, според соопштението од петокот на државната корпорација „Ростех“.
Досега уредите без екипаж (FPV) се однесуваат на летачки коптери, како и сѐ почесто употребуваните подводни беспилотни уреди.
Според соопштението, холдингот „Високопрецизни комплекси“, кој е во составот на „Ростех“ развил повеќефункционален робертски комплекс „Депеша“ и „Баги“. Роботот „Депеша“ бил склопен на гасенечна платформа (од борбени оклопни возила) и е управуван од оператор со џојстик и FPC-кацига. Робертскиот комплекс „Баги“, пак е базиран на платформа на тркала, а се контролира со помош на џојстик и таблет.
„Двата робота може да се користат како копнени далечински контролирани самоубиствени уреди за уништување на непријателски цели со детонирање на полнењето што роботскиот комплекс го доставува до целат“, се наведува во соопштението на „Ростех“.
Се додава дека двата роботски комплекса во моментов се подложени на различни тестирања, вклучително и во зоната на борбените дејствија во Украина.
Според конструкторите, една од најважните карактеристики на овие уреди, покрај компактноста и големите маневарски способности, е нивната носивост која за „Депеша“ изнесува 150 а за „Буги“ до 250 килограми. Тоа, според нивните творци, ги прави овие роботи ги прават голема помош за борците директно на фронтот, затоа што можат брзи и незабележливо да достават резерви во муниција, гориво, па дури во некои случаи и да ги евакуираат ранетите.
Двата борбени робота, во различни верзии, може да се користат за уништување жива непријателска сила, утврдени борбени позиции, како и за надминување и расчистување на одбранбени пречки, како што се противтенковските „змејски заби“ за да се осигури простор за напредување за тенкови и борбени оклопни возила. Можат да се користат и за деминирање или минирање на теренот.