ВИДЕО: Во Русија се печати тоалетна хартија со текстот од санкциите на ЕУ

Во Омск, Русија почна да се произведува тоалетна хартија на која е отпечатен текстот на санкциите што ЕУ ги воведе против Русија на 12. 09. 2014 – та година.

Тоалетната хартија се печати под брендот „Наш договор“ и се пакува во амбалажа на која се фотографиите на претседателот на САД, Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон. Цената е 990 рубљи.

video-vo-rusija-se-pecati-toaletna-hartija-so-tekstot-od-sankciite-na-eu-1

– На 19 метри двослојна тоалетна хартија со висок квалитет, изработена од стоотстотна целулоза, отпечатени се главните одредби на документот за рестриктивните мерки против Русија, што ЕУ ги донесе на 12-ти септември 2014- тата и ги објави во службениот весник на ЕУ. Текстот е преземен во скратена верзија и се подвојува низ ролната, соопшти произведувачот.

Авторот на идејата Кирил Колјасин вели дека пробниот тираж од 1.000 ролни веднаш бил распродаден.