Американското воено воздухопловство и еден од најголемите одбранбени производители во САД компанијата „Northrop Grumman“ ги претствија најновито стратешки бомбардер од моделот „B-21 Raider“ базиран „стелт“ (невидливата) технологија кој треба постепено да ги заменува стратешките авиони од периодот на Студената војна.
Како што се очекуваше, конкретни поединости за авионот сѐ уште се врвна тајна, но американскиот министер за одбрана Лојд ОСтин дидаде дека леталото е доказ за „доглотрајните американски предности во генијалноста и иновативноста“.
Остин рече дека авионот претставува значаен напредок во однос на постојните бобмардери во американската воздухопловна флота, додавајќи дека „дури и најсофистицираните системи за противвоздушна одбрана“ тешко ќе го лоцираат „B-21 Raider“ на небото.
Презентацијата се одржа во погоните во Палмдејл, во сојузната држава, во пристуство на Остин, кој претходно најавувајќи го настанот на Twitter го опиша како „историски“. Самиот произведувач го позицинира својот бомбардер како „едеинствен авион од шестата генерција во светот“.
„Во овој авион се вложени педесет години напредок во технологијата за ниска видливост“, рече Остин и додаде дека авионот, исто така, е изграден со „архитектурата на отворен состем“, коај овозможува вградување „ново оружје кои сѐ уште не е изумено“.
„Флотата бомбардери е основата на воздушната моч на нацијата…., ви ги претставуваме способностите на следната генерација. Заедно со авионот ви ја претставуваме следната генерација на ‘стелт’ технологијата развиена за американското воено воздухопловстви за спроведување на најтешките задачи. Воздухопловните сили ќе ги воздружуваат и елиминираат заканите каде и да е светот во променливото опкружување, а брзото (нивно) воведување на технологиите ќе гарантира дека ‘B-21’ е одговен да се справи со овие предизвиџци“, изјави извршната директокра на производителот Кети Ворден.
Авионот „B-21 Raider“, како што беше објаснето во директниот пренос на презенатацијата на официјалната веб-страница на „Northrop Grumman“ ќе може да стаса до која и да е локација на светот, да носи нуклеарно и ненуклеарно оружје и да се справи со најнапредните системи на противвоздушната одбрана благодарение на напредната „стелт“ технологија. притоа се очекива во иднина да бидат претставени и беспилотни модификации на овој модел.
„Кога станува збор за демонстрарањето на решителноста на САД, „B-21 Raider“ ќе стои настрана, тувок и подготвеб. На американската борбена флота ѝ обезбедуваме напред авион кој е комбинација на долетот, носивоста и одржливоста. ‘B-21 Raider’ е иднината на одвраќањето. ‘B-21 Raider’ е иднината на средствата за одвраќање“, истакнуваат од компанијата.
Покрај претставеното летало, во овој момент иште пет бомбардери од овој теп се во различни фази на производство. ШПланиранот е авионот да полета првпат во текот на 2023 година. Според американската војска, направени се планови за набавка на најмалку сто авиони од овој модел.
Пентагон издвоил повеќе од 19 милијарди долари за програмата „B-21 Raider“ во периодот меѓу 2023 и 2027 година. Секој нов „B-21 Raider“, првиот американски бомбардер развиен во последните 30 години, би можел да чини речиси 700 милиони долари, според процените на аналитичарите.