Француската полиција го опколила во средата утрото по потрагата по напаѓачот која на божикниот саем во вторникот вечерта уби најмалку четири лица, и рани уште единаесет лица, а агенцијата DPA го идентификува напаѓачот како осуденик во Германија.
Француските обвинители изјавија дека синоќешниот напад го третираат како терористички чин. Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж, а неговиот стан претходно бил претресен во рамки на истрагата за грабеж извршен летото. Осомниечниот е на државната листа од осомничени лица, а има и досие за кривични дела кои не се поврзани со тероризмот. Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, изјави дека напаѓачот отворил околи 19,50 часот, а од 11-те ранети пет се тешко повредени.
Шериф Ш., како што агенцијата DPA го идентификува напаѓачот во Стразбур повикувајќи се на сопствени извори, бил осуден во Германија за кражба и затворен додека во 2017 година кога бил депортиран во Франција. Според овие информации, 29-годишниот француски државјанин бил затоврен по пресуда на судот во југозападниот германски град Зинген.
Војниците од антитерористичката патрола пукале врз напаѓачот, но успеал да им избега. Мажот уште во два наврата размена оган за малку повеќе од час време. Во потрагата по него учествуваат 350 припадници на воени и полициски сили и два хеликоптера.
Една од жртвите е тајландски турист, кој во Стразбур пристигнал со сопругата токму вторникот, соопшти Бусади Сантипитакс, портпаролка на тајландското министерство за надворешни работи. Агенцијата ANSA јавува дека еден од ранетите е италијански новинар.
Стразбуршкиот божикен саем се одржува во центарот на градот, кој е крај германската граница и е многи посетен.
Постои сомнеж дека напаѓачот е екстремист, но мотивот се уште не е утврден. Париското обвинителство ќе почне истрага за пукањето во центарот на Стразбур како да се работи за терористички напад. Обвинител, кој е задолжен за противтерористички истраги, ќе допатува во Стразбур, соопшти неговата канцеларија.
Затворен е и Европскиот парламент, а на персоналот му е наредено да остане во просториите на парламентот. Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани рече дека центарот на градот „не е безбеден”, а пратениците кои останале таму, треба да знаат, дека ќе биде формиран конвојот со француска полиција, кога тоа ќе биде можно.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=c-fmt5_pfao&fbclid=IwAR2CBRD-Le9rRf4BdrciO3AD9m9Vn5xR80KnVpGfHOqqfE5AP0RiJysBucQ
Strasbourg Shooting:
– At least 3 dead, 11 injured, after shooting at a Christmas market in Strasbourg, France (Via @Le_progres)
– Shooter is at large
– The gunman has been identified and a man hunt is underway
– City center is on lockdownpic.twitter.com/1J3I4dQZ6U— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 11, 2018