ВИДЕО| Во судири со полицијата на забава во Франција момче ја изгуби раката

Жестоки судири избиле меѓу учесници на забава и полицијата којашто се обидувала да спречи одржување на илегална рејв-журка во петокот на северозападот на Франција, што резултирало се неколку повредени, меѓу кои и момче коешто остана без рака.

Повеќечасовното насилство избувнало откако околу 1.500 луѓе им пркоселе на епидемиолошките мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, за да се одржи рејв-забава на отворено во петокот навечер во гратчето Редон во Бретања.

Околу 400 полицајци биле ангажирани на интервенцијата која траела седум часови, од трите околни општини, вклучително и мобилните единици на жандармеријата.

„Ситуацијата многу брзо излегла од под контрола, луѓето повремено фрлале Молотови коктели и камења“, изјавил локалниот градоначалник Еануел Бертие.

Безредијата, во коиошто се повредени неколку лица на возраст од 19 до 37 години, меѓу кои и пет полицајци и момче коешто ја изгубило раката, траеле повеќе од седум часа.

Според Бертие, ситуацијата се смирила дури во саботата утрото, а обвинителстово веднаш отворило истрага.

Според информациите на телелвизијата BFM TV, се шпекулира дека организацијата на рејв-забавата била по повод оддавање почит на Стив Маја Каничо, кој почина пред две години за време на музички фестивал во текот на полициска акција.