![1000 (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/1000-1-1.jpeg?resize=696%2C522&ssl=1)
Поранешната аериканска актерка Меган Маркл, која по венчавката со британскиот принц Хари ја доби титулата војвотка од Сасекс, откри дека наводно размислувала на самоубиство поради агресивниот начин на кој британските медиуми пишувале за неа и дека кралското семејство не дозволило да ѝ биде помогнато, во разговорт со славната американска телевизиска водителка Опра Винфри.
Ова беше првото големо телевизиско интервју на Хари и Маркл откако пред една година одлучија да се повлечат од должностите на британското кралско семејство и од Обединетото Кралство да се преселат во САД.
„Едноставно не сакав вече да живеам. Тое мисли ми беа постојани, застраѓувачки, стварни и многу јасни“, рече војвотката од Сасекс во споенатото долго најавувано и очекувано интервју, емитувано ноќта кон понеделникот на американската телевизиска мрежа CBS News.
„Му се обратив на кралското семејство и реков дека морам некаде да побарам психолошка помошп. Реков дека никогаш така не сум се чувствувала (…), ми беше кажано дека не можам, бидејќи тоа не би било добро за семејството“, додава Маркл.
Меган Маркл во разговорот тврди и деја не ја распракала својата јатрва Кејт Мидлтон, сега војвотката од Кембриџ, непосредно пред венчавката со принцот Хари, негирајќи ги информациите за тој испад за кој наголемо пишуваа британските медиуми.
„Се случи токму спротивното. Сите во кралското семејство знаеја дека тоа не е вистина. Кејт подоцна се извини“, рече 39-годишната војвотка од Сасекс, велејќи дека тој инцидент го означил почетокот на „вистинска кампања на валкање“ и „пресвртница“ во нејзините односи со кралскот семејство.
Поранешната американска актерка која е мелез од татко белец и мајка афроамериканка, тврди и дека членовите на кралското семејство биле загрижени поради бојата на кожата на нејзиниот син Арчи пред неговото раѓање,
„Не знаеја колку кожата ќе му биде црна, што тоа ќе значи и на што ќе личи“, рече Маркл.
Покрај тоа, вели и дека Бакингемскиот дворец му ја ускратила заштитата на нејзиното дете и дека членовите на кралскот семејство оцениле дека Арчи не треба да добие благородничка титула, иако таков бил обичајот.
Принцот Хари, пак, изрази жалење поради тоа што кралското семејство јавно не ги осудило расистичките коментари во дел од британските медиуми.
Хари тврдеше дека неговиот татко, принцот Чарлс не му ја дал поддршката во тие тешки моменти, иако „проживеа нешто слично и знае што е болка“.
„Ќе мораме уште да се трудиме, за да ги поправиме нашите односи, но истовремено јас секогаш ќе го сакам“, рече принцот Хари.
Хари и Меган го очекуваат второто дете, кое треба да биде девојченце, открија во разговорот, по раѓањето на синот Арчи во мај 2019 година, една година по венчавката. Принцот Хари во разговорот не го криеше одушевувањето „да се има момченце и девојченце, можеме ли да посакаме нешти повеќе?“.
Двојката се венчала во 2018 година, во тајност три дена пред величествената кралска официјална свеченост којашто ја следеа милиони гледачи ширум светот, призна Маркл во разговорот.
„Се венчавме три дена пред официјалната венчавка. Никој не знаеше за тоа. Го повикавме надмискупот и му рековме: Видете, оваа претстава е за светот, но ние сакаме тоа да биде само меѓу нас“, рече Меган раскажувајќи дека ги размениле брачните завети пред надбискупот од Кантербери, Џастин Велби пред свечениот обред на 19-ти мај 2018-та.
https://www.youtube.com/watch?v=OTJgi78AguE&t=3s