Во потресот и цунамиот кои во петокот ја погодија Индонезија, загинале 384 лица, а повредени се уште околу 350, соопшти во саботатаза Агенцијата за управување во случаи на катастрофи.
Цунамито проследено со бранови со височина мешу два и три метра го погоди градот Палу, со околу 350.000 жители на островот Сулавези, во покраината Централни Сулавези. Тоа беше предизвикано од земјотресот со магнитуда од 7,5 според Рихтер, кој се случи три часа подоцна по послабиот со моќност од 5,9 степени во истата област и кој беше проследен со неколку други подземни удари со слична магнитуда. Индонезиските власти јавуваат дека и во саботата почвата уште се тресе.
Во серијата потреси во јули и август на туристички атрактивниот остров Ломбок загинаа речиси 500 луѓе, стотина километри југозападно од Сулвези. Индонезија се наоѓа на работ од ткн Пацифички игнен прстен, најсеизмички активното подрачје на планетата и често е погодувана од земјотреси. Во овој регион се ргистрираат меѓу шест и седум илјади земјотреси со магнтуда над 4 годишно.
Големиот земјотрес кој се случи крај северниот индонезиски остров Суматра во 2004 година подигна цунами кој ширум Индискиот Океан однесе 226.000 животи во 13 држави, а меѓу нив смртно настрадаа 120.000 луѓе во Индонезија.
Video from my indonesian friend 🙏🏻 #IndonesiaEarthQuake #tg2 @tg2rai pic.twitter.com/W7MSAtf9Sa
— Manuela Moreno (@nunimorenoTg2) September 29, 2018
#BolsonaroNaBand #TCMS #CAOS #AlertaSismica #Noticias #Mundo #Indonesia #ULTIMAHORA #palu #palutsunami #tsunami #IndonesiaEarthQuake #earthquake #Sismografo #Sismo #séisme #sismo #temblor #terremoto Impactantes😯 imágenes del 📈Sismo que afectó Palu, 🇮🇩Indonesia. pic.twitter.com/TXssOyE2uP
— Cristopher MG. (@GCristoher) September 28, 2018