(ВИДЕО) Војската на Србија во борбена готовност: Косовските специјалци упаднаа со оружје и апсат Срби

Шест Срби, припадници на косовската полиција, се упасени утрово од припадници на косовските специјални сили Росу поради наводна вмешаност во организиран криминал, јави Танјуг. Апсењата биле извршени во сите четири српски општини на север во Косово.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ нареди ставање на сите единици на Армијата на Србија во состојба на целосна борбена готовност. Тој покренал и дипломатска активност по упадот на косовските специјалци, наведува агенцијата цитирајќи извори во Кабинетот на Вучиќ.

Претходно, и Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Росу на север во Косово.

Единиците Росу упаднаа утрово со оружје на север во Косово.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“. Ѓуриќ додаде во изјаватa за РТС, дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје. (МИА)