Машиновозач на патничкиот воз на релација Краљево – Рашка е полесно повреден утринава откако предниот дел од возот се лизнал од колосекот по удар во карпа, соопштуваат од Инфраструктурната железничка на Србија.
Во моментот на незгодата утринава околу 4 часот на делот од пругата Брвеник – Рашка, во возот бил еден патник и кондуктер кои не се повредени.
Според информациите од терен, карпа од околу пет кубни метри паднала од блискиот рид на патеката, а железничкиот сообраќај на тој дел од железницата во моментот е во прекин.
Помошен воз од „Инфраструктура на српските железници“ тргна на местото на несреќата, со цел што поскоро да се расчисти железничката пруга и да се создадат услови за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај, се додава во соопштението.