Кога видел дека Пајак му го кренал автомобилот, овој возач во Лондон одлучил работата да ја преземе во свои раце, бидејќи по никоја цена не сакал да плати казна.
Иако казната сигурно нема да ја избегне, а ќе мора да плати и за поправка на својата „астра“, возачот без размислување, уфрлува во рикверц и лета од рампата на камионот.
Видео снимката на целиот инцидент на Јутјуб го закачила службата на јавниот паркинг,соопштувајќи дека возачот не обрнал внимание на минувачите на улицата додека управувал со автомобилот и на тој начин можел да загрози нечиј живот.
По само неколку минути полицијата стигнала на местото на инцидентот.