Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово преку видео порака од терасата на Претседателството им се обрати на граѓаните. Тој кажа дека Србија се наоѓа е во тешка геополитичка ситуација.
„Ги повикувам луѓето да продолжат да работат бидејќи Србија е во тешка геополитичка ситуација, има огромни притисоци околу Косово и Метохија и тие ќе продолжат.Некои од надвор не ја уриваат Србија поради Вучиќ, туку Вучиќ поради Србија. За нив е важно Србија да биде што е можно послаба. Мораме да работиме за Србија да биде посилна“, порача претседателот Вучиќ во видео пораката.
Тој додаде дека во наредните денови ќе продолжи со посетите на различни општини и области во Србија и дека повторно ќе прими граѓани во Претседателството на Србија.
Да ги слушнеме нивните борби и проблеми и заедно да ги решаваме сите проблеми“, рече Вучиќ.
View this post on Instagram