(ВИДЕО) За информации за ‘Розовата бандитка’ FBI распиша награда од 10.000 долари

Американското Федерално биро за истраги (FBI) распиша награда од 10.000 долари за информација за „Розовата бандитка“, која веќе ограбила четири банки, пренесува во неделата телевизијата Fox News.

Според FBI, во најмалку два од четирите случаи кои се пријавени во изминатите осум дена, младата жена со себе носела розова чанта. Таа била и причината потради која овој прекар ѝ го дале полициските истражители. Сите грабежи се извршени во три сојузни држави на американскиот источен брег: Пенсилванија, Делавер и Северна Каролина.

„Габежите“ биле изведени според едноставна шема: жената приоаѓала до шалтерот и на банкарскиот службеник му давала парче хартија на кое пишувало дека треба да ѝ ги предаде парите. Колку пари на ваков начин однела девојката, засега не се прецизира.