ВИДЕО| За Танзанија досуден веројатно најбрзиот пенал во историјата на фудбалот

Во средата од Групата Ј во квалификациите на африканската зона за настап на Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар, меѓу селекциите на Танзанија и Мадагаскар досуден е веројатно набрзиот пенал во историјатот на меѓународните натпревари, откако судијата Масуд Сали покажа на белата точка за домашните по само пет секунди игра.

По долгата топка изведена од средината на теренот гостинскиот голман Мелвин Адриен невнимателно се втурна во домашниот напаѓач Симон Мвусуи, па Танзанија добиголема можност за рано водство што и ја искористи капитенот Ерасто Ниони.

Танзанија на крајот победи со 3:2 и така се искачи на врвот на табелата со четири бодови, колку што има и вториот Бенин. Мадагаскар е последен без бодови, а во крупата е уште ДР Конго кој има два бода.

Во третиот круг од квалификациите ќе се пласира само победникот во групната фаза.

Не постои официјална статистика за најбрзо досуден казнени удари на натпревари на репрезентациите, но досега најбрзо познат досуден пенал се случи на мечот меѓу Црна Гора и Гана во Подгорица во 2014 година, кога домашните добија удар од белата точка по 10 секунди игра,