![avion sietl](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/avion-sietl.jpg?resize=640%2C361&ssl=1)
Кражбата на авионот во петокот ноќта на аеродромот во Сиетл не претставува кршење на безбедносните прописи, изјави во саботата висок претставник на овој американски аеродром.
Вработен во воздухопловна компанија во петокот украл авион на аеродромот во Сиетл, а пота се урнал на блискиот ретко населен остров. Покрај 29-годишниот пилот во авионот немало други патници, а аеродромот продолжил со секојдневните операции.
Пилотот бил суциден и се чини дека дејствувал самостојно, откри шерифот на округот, додавајќи дека веројатно загинал при падот. Неговиот идентитет се’ уште не е објавен. „Падот на островот го предизвикале акробации во воздухот или недостиг од летачки способности“, истакнал шерифот.
Констанс фон Муелен, шефица за операции на операторот „Horizon Air“ чијшто авион е украденото летало и кој е сестринска компанија на „Alaska Airlines“, изјави дека околу 20 часот по локално време вработен во оваа команија извел неавторизирано полетување во летало со пропелери од типот „Q400“. Овој модел авиони е наменет за куси летови, а може да прими 76 патници.
Потврдувајќи ги изјавите на Мајк Ихл, директор на аеродромот Сиетл-Такома, генералниот директор на „Alaska Airlines“ изјави на прес-конфренција дека на споменатот вработен задолжен за багажот му било дозволено движење по просторот каде што бил паркиран авионот.
Уште не е разјаснето како вработениот успеал да го доведе авионот до пистата и да полета без авторизација. Шерифот претходно изјави дека станува збор за воздухопловен механичар, но авиокомпанијата подоцна објави дека тој е всушност нивен агент на земја.
Украдениот авион го следеле два борбени авиона од типот „F-15“, но не учестувале во неговиот пад, објави локалната телевизиска станица KIRO7.
https://www.youtube.com/watch?v=hRJlDYMBCSU