Иако Островот на змии е најпознатото место со кое владее еден животински вид, тоа не е единствениот животински остров.
Свињите, зајците и раковите се само некои од животните кои го одбрале своето копнено царство.
Само да знаете, Островот на змии се наоѓа недалеку од брегот на Бразил, а толку е опасен што дури бразилксата војско строго го забрани пристапот.
Не него се наоѓаатнајмногу отровници на едно место, па се проценува дека на секој метар квадратен има барем по една.
Островот на мачки, Јапонија
Некогаш на овој остров имало околу 1000 луѓе, додека денес едвај стотина. Но, бројот на мачки незапирливо расте. За разлика од змиите, мачките во еднаква мерка ги сакаат жителите на островот, како и туристите, кои се грижат за нив. Островот дури и поседува градби во вид на мачка.
Островот на зајци, Јапонија
Некогаш овој остров служел како тајна фабрика за бојни отрови. На него се произведувало смртоносно и илегално оружје за Втората светска војна. Но, денес ова е дом на илјадници зајци, за кои не се знае како точно завршиле таму, иако некои веруваат дека станува збор за потомци на животни кои се користеле во експериментални смртоносни фабрики и кои се пуштени на слобода откако Јапонија се предала во војната.
Островот на фоки
Недалеку од брегот на Кејптаун се наоѓа островот кој служи како своевиден бордел за фоки, односно претставува главно место за нивно размножување. Иако можеби со задволство би го посетиле овој остров, знајте дека е опкружен со „смртоносен прстен“ , поточно ловиште на кое оперираат бели ајкули, кои постојано очекуваат некоја фока да залута од островот и да се насочи во нивен правец. Затоа најдобро е да го избегнете островот на фоките.