![111](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/1115.jpg?resize=640%2C359&ssl=1)
Дваесет и шестгодишниот Ендру Ректор кој заспал за време на еден натпревар сега бара милионска отштета.
Тој задремал на стадионот на Њујорк Јенкис, а откако го фатила камерата на ESPN, коментаторите Ден Шулман и Џон Крук изјавиле дека стадионот не е место за спиење, се пошегувале на негова сметка, а 45-те илјади навивачи станале и му ракоплескале.
Тоа не му се допаднало на Ректор, кој покренал тужба против ESPN, од кои бара 10 милиони долари поради нанесување на душевна болка.
Ендру додава дека коментаторите ги искористиле и зборовите “дебелко”, “неинтелигентен” и “глупав”.
Од ESPN се уште не го коментираат овој случај.