Друже Заев ми ти се кунемо, ако Заев е како Тито која е Јованка Броз? Се само дел од коментарите на социјалните мрежи кои го преплавија интернет просторот, откако Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, го спореди премиерот Зоран Заев со Тито.
Живеат ли уште старите концепти за негување на култот кон лидерот? Дилема што особено се наметна откако пред Каевски, јавноста ја слушна и кумановската активистка, која на трибина јавно го фалеше Заев за неговите политики, прашува во неделата во прилог телевизијата Алфа.
Се наметнува прашањата дали премиерот е среќен и задоволен кога луѓето му се додворуваат на овој начин.
Од друга страна пред само неколку недели премиерот изјави дека немало „нема заевизам, туку како што рече имало завидлизам за неговите успеси“.