ВИДЕО| Загинаа двајца тест-возачи на електричен автомобил при пад од трет кат на зграда во Шангај

Две лица загинаа во бизарна несреќа во фабриката за електрични автомобили Нио во Шангај-Кина. Возилото во кое се наоѓале паднало од третиот кат на зградата во седиштето на компанијата.

Би-Би-Си пишува дека загинале еден вработен и едно лице од партнерската компанија, а според некои информации, во возилото биле двајца тест-возачи во моментот кога автомобилот паднал од зградата.

Во Нио велат дека е започната истрага за инцидентот во соработка со владини претставници. Во првата објава на социјалните мрежи порачаа дека „причина за несреќата не е самото возилото“, што предизвика огромен гнев кај корисниците.

„Тоа ја покажува ладнорвноста на капитализмот. Тие дојдоа да го тестираат возилото, но вие велите дека несреќата нема врска со возилото?“ – стои во коментарите.

Изјавата потоа беше преземена, по што беше објавена нејзина ревидирана верзија.