ВИДЕО| Заменик министерот за внатрешни работи престојува во хотел каде што ноќевање е 20.000 евра – Кој ја платил сметката?

Сметките за престој во хотели со 5 ѕвезди направија досието на поранешниот албански министер Арбен Ахметај да заврши во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал. Сомнежите се дека со кредитната картичка на Клодијан Зото биле резервирани хотели со пет ѕвезди во повеќе европски земји, чија вредност се движи од 2.000 до 3.500 евра за ноќ.

Пријава која стигнала до „Ora Investigim“ покажува дека слична ситуација имало и во Македонија. Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е со простор од 850 метри, објави oranews.tv

На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман. Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки. Со едноставно пребарување на Booking може да се види дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20 илјади евра. Спонтано, се поставуваат некои прашања:
– Може ли Буши да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра? Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице патувал Буши во Истанбул во октомври 2020 година?

Во наредните денови „Тв Ора“ ќе објави и други материјали, каде познати личности од политиката директно или индиректно се поврзани со луѓе кои имаат матно минато и се обележани од правдата.

https://www.youtube.com/watch?v=ITn68iJt6Y0&t=2s