![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/Capture-5.jpg?resize=696%2C426&ssl=1)
Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле приватниот автомобил на првиот вицепремиер Артан Груби, пренесуваат медиумите во саботата.
Инцидентот се случил на улицата „Струмица“, во скопската населба Чаир, пренесува Koha. Полицијата во придружба на обвинителот излегла на местото на настанот рано изутрината и го истражува случајот.
Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 велат дека пожарот настанал околу 03:30 часот.
„Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР за ТВ21.
https://www.youtube.com/watch?v=Vv8nvipJaC8&t=3s