Словенечката полиција трага по извршителот. Статуата висока речиси осум метри, беше крената минатата година и го прикажуваше Трамп со квадратна глава и крената рака.
Иако конструкцијата стана популарна туристичка атракција, некои жители на Село при Камнику биле незадоволни и најавувале дека ќе ја запалат за Ноќта на вештерките, па била преместена во Моравце, пренесува Асошиејтед прес.
Градоначалникот на тоа место Милан Балазиќ кажа дека палењето на статуата претставува „симбол на нетолеранцијата на уметничките проекти во општеството“.