ВИДЕО: Запалиле зaпленета марихуана, го „надувале“ цел град

Запалиле зaпленета марихуана, го „надувале“ цел град. Жителите на Турангиј во Нов Зеланд во петокот вечерта спиеле во длабок сон и тоа поради полицијата.

Полициската станица што се наоѓа во близина на еден шопинг центар, што е мошне прометен, одлучила да ја запали запленетата марихуана.

Минувачите во овој дел од градот ги дочека густа магла, а некои дури и го искористиле ова, па седеле во автомобилите со отворени прозорци.

Видео снимката се појави на Фејсбук, а веста за миризливата магла беше пренесена од голем број светски медиуми.

Жителите на градот овој пропуст на полицијата го прифатиле со доза хумор.

За жал поради временските услови и ветрот, чадот се прошири подалеку отколку што очекувавме. Се извинувам до заедницата во име на целата полициска станица, изјави началникот на полицијата Вервик Мореху.